Министерството за надворешни работи со загриженост ги следи состојбите со поплавите во Западна Европа. Според информациите на нашите дипломатско – конзуларни претстваништва во погодените региони нема жртви државјани на Македонија, соопшти МНР.
– Нашите државни конзуларни претставништва стојат на висина на задачата, отворени и во служба на државјаните на Македонија кои живеат во погодените региони. Исто така, МНР е во постојана комуникација со домашните власти во земјите кои доживеа природна катастрофа. Според информациите на нашите ДКП-а во погодените региони нема жртви државјани на РСМ -, се наведува во соопштението.
Од МНР посочуваат дека во случај на евентуално барање помош, нашите државјани можат да се јавуваат на следните телефонски броеви:
Берлин: +49 15255691603
Минхен: + 49 162925525
Хаг: + 31 6 38174907
Брисел: +32 27329108.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.