Посетата на Босна и Херцеговина на делегација на Министерството за надворешни работи, предводена од шефот на македонската дипломатија Бујар Османи, најавена за денеска – се одлага. Но, ова не го дознаваме од македонското туку од МНР на БиХ.

Како што пренесува саравескиот весник „Дневни аваз“, во соопштението на Министерството се посочува дека посетата е одлoжена „поради технички проблеми поврзани со доаѓањето на делегација од Република Македонија во БиХ“.

Босанското Министерство информира и дека за новиот датум на посетата медиумите ќе бидат навремено информирани.

Од македонското МНР за „Фактор“ велат дека немаат никакви информации за одложувањето. Портпаролот Бекри Ајдини за порталот изјави дека не може ништо да потврди и дека ќе прати официјално соопштение.

Османи денеска требаше да престојува во работна посета на БиХ, во рамки на неговата турнеја низ земјите од регионот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.