Министерството за надворешни работи, врз основа на официјалните мерки и препораки, упатува апел до сите државјани на Македонија кои живеат или престојуваат во земјите со висок и среден ризик да го одложат доаѓањето во Македонија во овој период.

Министерството за надворешни работи продолжува будно да ја следи состојбата со ковид-19 во и надвор од земјата преку дипломатско конзуларните претставништва и останува во постојана комуникација и координација со останатите релевантни институции во државата.

Министерството за надворешни работи повторно апелира во целост да се почитуваат и следат официјалните владини мерки и препораки.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.