МНР ги повикува сите државјани на Македонија кои се наоѓаат на територијата на Авганистан, во случај на итна потреба и барање помош, да се обратат на следниот телефонски број +389 75 273 732.

Заради влошената безбедносна состојба и зголемениот интензитет на воени дејствија во Авганистан, Министерството за надворешни работи препорачува на сите граѓани на Македонија да не патуваат во оваа дрѓава, а доколку моментално се наоѓаат во земјата, заради лична безбедност да заминат во најскоро можно време.

– Министерството за надворешни работи ги повикува сите државјани на Македонија кои се наоѓаат на територијата на Исламската Република Авганистан, во случај на итна потреба и барање помош, да се обратат на следниот телефонски број +389 75 273 732, се наведува во соопштението од МНР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.