Во вечерашното издание на дебатната емисија на ТВ Стар Штип гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски кој зборуваше за моменталната политичка ситуација, нефункционалното Собрание, како и на следните чекори кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги преземе во однос на политичката ситуација во Република Македонија. Тој потенцираше дека оваа Влада предводена од СДСМ, поточно од Зоран Заев, има премногу нестабилно мнозинство и многу тенок легитимитет. Тој даде дека слабото мнозинство се отсликува и на работата на Собранието, бидејќи веќе подолго време власта не може да одржи седница со присуство на сите пратеници од мнозинството.

Покрај недоаѓањето на сите пратеници на собраниските седници, забележливо е дека помеѓу пратениците од мнозинството нема соработка, туку напротив владее некое сузбивање кое што се одразува на работата на Собранието на Република Македонија, што значи блокада на развојот и помош на граѓаните, вели Милошоски.

Според него петтиот пакет кој предвидува помош за граѓаните беше повеќе од неопходно за гласање, но власта сака покрај тоа да протурка и други работи кои ќе ја затскријат нивната неспособност.

Тоа е единствената вистина за блокирањето на законот, иако власта ја обвинува опозицијата речиси еден месец. Ова се калкулации и одолговлекувања на власта, затоа што знаат дека буџетот не е во добра кондиција и немаат пари да исплатат на стопанствениците и токму затоа сакаат да пролонгираат некој месец повеќе”, додаде Милошоски.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ посочува дека граѓаните имаат можност да видат како власта функционира, односно како таа не функционира, иако кога требало да се делат пари на Макпетрол и други олигарси блиски на власта, тогаш власта била кохезивна и знаела да учествува во парламентот.

Тоа се тие двојни аршини кои власта ги применува, а се на штета на обичните граѓани, истакна Милошоски.

Тој тврди дека реалната слика е дека самата власт е главен кочничар на процесите во Собранието на Република Македонија.

Опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ предложуваше амандмани со цел да се доработат многу закони, како оној за пописот, така и овој за петтиот пакет мерки, но власта не сакаше да соработува и да ги признае грешките. Токму затоа своеглаво ги туркаат законите, само за да кажат пред јавноста дека нешто сработиле, а реалната слика е дека самата власт е главен кочничар на процесите во Собранието на Република Македонија, заврши Милошоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.