Министерот за здравство Венко Филипче денеска посочи дека во Кавадарци е зголемен бројот на новозаразени.
Според него, растот на новозаразени лица во Кавадарци е поради одредени настани и прослави низ градот.
Филипче вели дека новозаразените се од сите возрасти и не се работи само за млади лица.
Ги пратиме бројките и ги анализиравме резултатите од секвенционирањето на геномите на вирусот од пациенти кои што беа дијагностицирани во Охрид, Кавадарци и во Прилеп. Прво да кажам дека евидентно е зголемувањето во изминатиот период на пациенти кај кои се детектира варијантата на британскиот сој и тоа од некои 20-тина проценти. Последните два дена резултатите покажаа дека се зголемува и до 50 проценти од вкупниот број на дијагностицирани – истакна министерот Филипче.
Министерот оценува дека засега нема потреба од засилување на рестриктивните мерки и дека состојбата е под контрола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.