Нема интерес за вонредните локални избори во Штип. Во еден од најпогодените градови од корона-кризата, а со најголем број заразени во Источна Македонија, до 11 часот на гласање излегле 3561 гласач од запишаните 41177, односно 8,52%.
Поради ниската излезност во градот е забележана партиска раздвиженост. Активисти на партија која учествува на изборите патролираат покра избирачките места и го нарушуваат изборниот процес. Исто така, со автомобили развезуваат гласачи на гласање. Од друга страна, забележано е ниско присуство на полиција на избирачките места.
Гласаат и заболени од кодид 19. На избирачко место во градот лице со активно решение ги ставило во опасност гласачите и членовите на избирачкиот одбор, но набљудувачот на ДИК не дозволил да запре гласањето на тоа избирачко место.
Забележано е прекршување на изборниот молк на гласачки места кои се испишани со името на политичка партија која учествува на изборите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.