Акцијата „Разговори за обнова на Македонија“ денеска продолжи во Вевчани, каде претседатлот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се сретна со тамошните жители и ги слушна нивните проблеми.

Бев во славното Вевчани. Овде животот е тежок, осамен. Младите си заминуваат, ги празнат куќите. Секое заминување значи уште една светилка во куќите згасната, помалку луѓе, послаба економија, а слабата економија значи несреќни и разочарани луѓе. Сега ги нема ниту оние од власта кои така гордо пред неколку години велеа дека 500 илјади заминале од земјата, па оставаа чевли пред владата, за да ветат демек ќе ги вратиле овие луѓе. Не само што не вратија ниту еден човек, илјадници други си заминуваат, рече Мицкоски.

Тој додаде дека политика по принципот „мало сутра” не поминува, а народот не му верува на Заев затоа што сè што вети сè излажа.

И не престанува тука, продолжува да ветува и да не ја говори вистината. Остана уште бесмртност да вети, но и за тоа ќе излаже. Тоа покажува дека имаме трул систем. Дека имаме арамии на власт чија одговорност мора да се покрене како прашање, и да има правда за секого. Без оглед дали некој е опозиција или власт. Мораме да ставиме крај на примитивизмот во политиката, на арамилукот, како оној денешен скандал каде формирале фирма за набавка на хелихоптери, набавија тендер и фирми и дадоа 24 дена стара фирма за да може 10.000 евра да книжи за 15 минути. Епа фалком млазен авион да изнајмат 3000 евра се плаќа на саат. Ние за 15 минути на некои со 24 дена стара компанија ќе му го полниме џебот, всушност му го полниме џебот на оние од врхушката на власт. И замислете таа фирма си го добила пред 24 дена истото име како што е името и на проектот, само додале ДООЕЛ. 500.000 милиони евра сакаат да фрлат во неповрат. Да не ги погребаат провизиите и да фатат ниџум. Ете тоа е она кое што денеска ни се нуди, пљачка на голема неотворена сцена, крај слугувањето, покрај националното понижување, покрај слугувањето, покрај подредената кичма, ние денеска имаме плачка на отворена сцена во секој пора на општеството без разлика дали е локална или централна власт. Се краде од хигиеничар до министер, секој денеска си го бара своето, зошто, а зошто да прашате, затоа што гледаат од првиот, ако првиот е по тој спорт сите надоле мислат дека така треба. И коренот на овој арамилук доаѓа следејќи го примерот од првиот човек, а првиот човек е заглавен до гуша во криминал, за кого поважен е законот за марихуана од европската перспектива на Македонија. Сето ова ќе го поразиме и се гледа крајот, а почетокот после тој крај е обнова на Македонија, земја на правда, сигурност и економски развој, порача Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.