Младите се повеќе сакаат да се иселат, власта не прави ништо за да го спречи нивното заминување во странство, не се спроведува националната стратегија за спречување на одливот на мозоци, покажува анализата на Мрежата за спречување на одливот на мозоци.
Не е само подобрата работа и парите причина за иселување на младите од државата. Трендовите за напуштање во последните години се и од неекономски причини. Им пречи загадувањето, политиката, корупцијата, а во време на отворен свет и кога нема бариери за миграции, младите лесно си одат без да се двоумат.
Иако имаме Национална стратегија за соработка и спречување на одливот на млади и висококвалитетни кадри 2013-2020, таа не се спроведува. Ова го окажува анализата на Мрежата за спречување на одливот на мозоци која е составена од седум граѓански организации кои работат на различни области поврзани со развојот на младите, младинските политики и права и младинското информирање.
Според анализата на Мрежата, која вчера беше презентирана на конференција, стратегијата е имплементирана само 11 проценти и главен заклучок е дека институциите треба суштински да му пристапат на проблемот и тој да биде приоритетен за решавање.
Дури ниту пандемијата со корона вирусот не ди спречи младите од Македонија да ја напуштат државава. Пред месец дена ова го потврди и угледниот Економист, кој на листата по одливот на млади лица кои имаат стручна подготовка во одредени области, Македонија ја рангираше на трето место во Европа.
Гуѕим Нухиу, активист за младински права, за Радио Слободна Европа изјави дека пандемијата на корона вирусот, односно изолацијата ја подигнала свеста кај младите дека системот во Македонија не им нуди многу можности за да станат финансиски независни од своите родители.
Врз основа на статистичките податоци што излегоа од синдикатите, најголем број од лицата кои ја изгубиле својата работа припаѓаат на возрасната група под 29 години. Овој факт зборува многу, но и фактот дека младите луѓе за време на пандемијата не можеа да најдат работа додека повеќето млади сè уште живеат со своите семејства. Ова покажува дека младите луѓе во Македонија не успеваат да се осамостојат, значи главно зависат од нивните семејства“, вели Нухиу.
Ова ги тера младите, додава тој, како единствена можност за осамостојување, да гледаат на напуштање на земјата, и селење во земји каде што можат да обезбедат доволно приходи за да си обезбедат живот за себе.
Имено премиерот Зоран Заев и високите функционери на СДСМ додека беа во опозиција ветуваа дека кога ќе дојадат на власт ќе го спречат иселувањето на младите, оставаа чевли и патики пред владата во знак на револт дека многу млади се иселиле и дека тогашната власт не прави ништо за да го спречи нивното заминување. Тие дури ветуваа и дека ќе ги вратат и тие што си заминале. А сега, откако седнаа по фотељите истите тие луѓе, ништо не прават да го спречат одливот на висококвалитетните млади кадри, кои Македонија скапо ја чинат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.