Во вчерашното издание на емисијата „Јади бурек“, гостуваше пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи, која истакна дека Заев врши ретуширање на историјата за политички потреби, па го праша премиерот Заев дали е свесен колку е навредена еврејската заедница во Македонија.

-Ретуширање на историјата поради дневно политички потреби не може да се дефинира во ниеден договор како говор на омраза, па по ова би прашала Заев знае ли колку е мојата заедница навредена од договорот – праша Мизрахи.

Мизрахи вели дека во моментов гледаме обиди за да се демаскира евројското прашања а недозволиво е бегање од историските факти, како што е недозволиво негирањето на Холокаустот, како и тоа дека еврејското лоби нема да дозволи никаков демант на Холокаустот.

-Македонија е зависна во своето постоење од историјата, а ниедна иднина не се гради без историја, па во два наврати оваа власт се обидува да креира иднина заборавајќи на историјата, добро е да се има добрососедски договори, но каде е тука „добриот сосед“, а не се сеќавам да сме имале спорни ситуации ние како земја и да сме биле ние лош сосед, овие договори по тоа не се нималку добрососедски договори, потенцираше Мизрахи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.