Министерката за труд и социјална политика утрово ги посети велешанецот Јордан Јованов и неговата неподвижна мајка Ангелина, чија несреќна судбина деновиве ја потресе јавноста. Мизрахи рече дека разгледале неколку начини на кои како држава може да се помогне.

Го посетивме домот на Јордан Јованов и неговата мајка Анѓелина затоа што условите во кои живеаат се загрижувачки. Очајно им е потребна помош и веднаш се заложуваме како Министерство во рамките на законските можности, да помогнеме со еднократна парична помош. Исто така и од Центарот за социјални работи во Велес ќе побараме веднаш да ги посетат и да се разгледа можноста за користење на правото за социјална пензија или годишен минимален приход. Мило ми е што веќе неколку приватни фирми се јавиле да понудат директна помош за станбениот дел. Хуманоста пред државата!, порача Мизрахи.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.