Четири години го имаме СДСМ на власт. Дојдоа со план програма „Живот за сите“, гледате живот за сите? Не. Се дојде со програма која што викаше „Нема правда, нема мир“, гледате правда, гледате мир? Гледаме што се случува во судството, гледаме што се случува во економијата. Гледаме дека од едно семејство се ороди со друго семејство и на крај имаме ородено семесјтво на власт – истакна Рашела Мизрахи, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ при гостување во „Само интервју“.
Мизрахи додаде дека Извештајот на ЕК покажува дека ситуацијата во Македонија не е толку розова колку што ја прикажува СДСМ.
Имавме многу забелешки и во однос на правосудството. Неколку пати и во Парламентот јас говорам баш за советите кои што ни ги дава ЕУ и еврокомесарот, а се однесуваат и на правосудството, на бизнис секторот, на корупција, на здравство и на труд и социјала- појасни Мизрахи.
Мизрахи посочи дека секој граѓанин шетајќи по улици може да забележи дека животот во Македонија не баш таков како што го ветуваше СДСМ пред избори.
Се чуствува политичкиот притисок кон населението, се чуствува економски притисок, се чуствува страв кај населението, се чуствува чуден молк – нагласи Мизрахи.
Мизрахи рече дека вчера во Парламентот се одземаа камерите на новинарите да не снимаат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.