Министерката за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи, оствари работна средба со директорот на Агенцијата за примена на јазикот, Илбер Села.

На средбата се разговараше за унапредување на соработката помеѓу министерството и Агенцијата во насока на подобра комуникација и информирање на граѓаните, како и во имплементирање на обврските согласно Законот за употреба на јазици кој е донесен на 14-ти јануари 2019-та година.

Директорот на Агенцијата и даде целосна поддршка на министерката во делот на предизвиците со кои се соочува како министерка и изрази подготвеност да даде поддршка во областа во која Агенцијата е надлежна.

Оваа средба само ја потврди мојата заложба како министерка да соработувам со сите институции во насока да им овозможиме на граѓаните остварување на своите права. Министерството ќе продолжи континуирано и во иднина да ги почитува обврските и со директорот Села да имаме редовна комуникација и средби, истакна Мизрахи.

Ми беше драго што остварив средба со министерката Мизрахи, која помина во одлична атмосфера, се договороивме да министерството во континуитет го имплементира Законот за употреба на јазици и јас во име на Агенцијата ќе дадам целосна поддршка и помош во комуникацијата со јавноста и тој процес, Илбер Села.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.