Оставката на Венко Филипче не е морална одговорност, изнудена е. Да ја чувствуваше ќе си дадеше оставка уште првиот ден по несреќата, истакна на денешната прес-конференција членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи.
Таа посочува дека овој пат понудената оставка е изнудена под притисок на објективната јавност која со право бара одговори од оние кои се надлежни за хоророт и ужасната трагедија во која завршија 15 животи.
Но, моралната одговорност за една таква оставка за која се уште не се знае дали ќе биде прифатена не ги дава одговорите кои ги бара јавноста, и уште повеќе не праќа порака до сите сегашни и идни функционери дека не смеат да си поигруваат со животите на нашите граѓани. Потребна е кривична одговорност до која ќе се дојде преку објективна и неутрална истрага која мора да биде реализирана. Вистинските прашања на кои истрагата и кривичната одговорност треба да даде одговор се пиврзани со пропустите кои доведоа во болница, објект под надлежност на министерството за здравство и Владата да згаснат 15 животи, посочува Мизрахи.
Таа прашува каков бил проектот и тендерот за изградбата на болниците, како се градени модуларните болници, со каков материјал, зошто огнот толку брзо продрел и дали болниците имаат употребна дозвола и зошто според сведоштвата на преживеаните во болницата немало ниту еден противпожарен апарат?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.