На вечерашната „Само Вистина“ гостуваше пратеничката и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи, која за актуелното бегство на екс директорот на УБК Сашо Мијалков истакна дека не е дозволиво е една држава да покажува волкава некадарност, имаме комплетно дисфункционалност на системот или пропадната држава.
Недозволиво е една држава да покажува волку некапацитетност и некадарност да се оддржи системот, и заради тоа сметам дека властите треба да одговорат на тоа како е можно да се случи вакво нешто, во спротивност само ќе докажат дека имаме комплетна дисфунционалност на системот, истакна Мизрахи.
Мизрахи посочи дека проблемот за влезот во ЕУ треба да го бараме во пропаѓањето на нашите системи, тоа го гледаме во здравствениот систем, во системот за труд и социјала, а сега го гледаме на цело државно ниво и тоа многу интензивно во последните три години, а ова не е показател на држава која го губи капацитетот, туку комплетно пропадната држава и немање на систем во истата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.