Вчера во собранието, техничкиот премиер Оливер Спасовски поднесе барање за разрешување на министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи. Одлуката на Спасовски е поради тоа што таа држеше прес конференција пред табла во министерството на која го пишува името Република Македонија.

Министерката Мизрахи, од своја страна, вчера за медиумите истакна дека не очекува да биде разрешена, оти не е виновна за ништо.

Не очекувам да бидам разрешена, не направив ништо и не сум виновна за ништо. Апсолутно ќе ја почитувам одлуката на пратениците каква и да е, бидејќи тие ме назначиле, тие можат и да ме разрешат. Министерството и пред мене било предупредено дека не била сменета таблата, но и во Буџетот за 2020 година не е предвидена таква набавка. Јас не сум одговорна за неспроведување на законот на мојата претходничка – изјави Мизрахи за „Телма“.

За разрешувањето на Мизрахи се потребни гласовите на 61 пратеник.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.