Рашела Мизрахи, поранешната министерка за труд и социјална политика во техничката Влада од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, денеска на Фејсбук се пожали дека оваа власт долго се обидувала да ја замолчи, па дури и ја пресретнувале и луѓе со качулки на главата.
Долго време молчев на темава од причина што не сакав да посветам внимание на оние кои мислат дека со сила можат да ме заплашат и замолчат. И не само што не ме замолчија, туку ме направија уште поодлучна и похрабра. Денес, конечно е време и јас ќе проговорам за сите обиди да ме замолчите и да ме заплашите, иако ваквите обиди датираат од поодамна, ги преминавте сите граници.
Денес ќе зборувам гласно затоа што антисемитизмот и вербалните напади, преминаа во писмени закани, следење, пречекување пред влезот во кој живеам и тропање по влезната врата од мојот дом во раните утрински часови…
Денес зборувам затоа што ми е доста од луѓе со качулки кои ме пресретуваат и фотографираат, луѓе кои со возила ми го пресекуваат патот, па бегаат, доста ми е од вашата монструмска желба да демонстрирате сила со викање, претење и силеџиство по семафори. За сите овие настани се информирани надлежните институции, напиша Мизрахи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.