Под хаштагот #ОбединетиПротивТероризам пратеничката Рашела Мизрахи од ВМРО-ДПМНЕ пишува за конфликтот меѓу Израел и Палестина.

Како КОВИД да не донесе доволно тага и смрт!

Хамас *кој е прогласен за терористичка организација и од ЕУ како и САД* испали повеќе од 1000 ракети на израелски цивили. Израел има право да ги брани своите граѓани.
Искрено жалам за загубените животи и трагедиите со кои се соочуваат и двете страни. Останувам во надеж на брзо и мирно решавање на состојбите и овозможување на дијалог и достоинствено решение прифатливо за сите страни во конфликтот, напиша Мизрахи на Фејсбук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.