Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи, денеска од собраниската говорница потсети на неколку изјави од лидерот на СДСМ, Зоран Заев, потенцирајќи дека се колнел во неговите деца дека нема да побара промена на Уставот, за промена на уставното име.

И сега дали ќе се откажете од јазикот или од Гоце Делчев, како што се откажавте за името за кое се колневте во своите деца?, го праша Мизрахи, Заев.

Мизрахи потенцираше дека животниот стандард на граѓаните не се зголемува, туку само дивоградбите. Обвини дека власта дополнително се задолжила, а праша и каде се инвестициите кои беа ветени во минатиот мандат. Критики упати и околу борбата за развој на образованието, а со Ковид-19 кризата, како што рече, се чини и дека воопшто ќе нема образование.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.