Кога ќе ги погледнете овие фотографии ќе помислите дека се од некое буниште каде се собира ѓубре или од некој објект каде е нормално во моментов да се вршат градежни активности, пишуваат репортерите од „Курир“ по обиколката низ скопските клиники во време на неајголемата здравствена криза во Македонија.
Ќе бидете сведоци на хаос и безредие кои се застрашувачки во момент кога народот се бори со опасна пандемија. Кога на овие фотографии ќе видите дека има и пациенти кои добиваат нула грижа и се наоѓаат во мизерни услови, ќе ви стане јасно дека ова е скопскиот Клинички центар, пишуваат тие.
Во време кога бројот на заразени е алармантен, клиничкиот центар е извор на зарази. Купишта ѓубре на сите страни. Места за отпад како да е депонија. Неподнослива миризба се жири од секое вакво ќоше меѓу клиниките.
Најзагрижувачки е третманот на пациентите. Низ ходниците врие, се чекаат редици, нема услови за држење дистанца. Пациенти кои се хоспитализирани чекаат во ходник, легнати на кревет, меѓу другите пациенти кои чекаат за некој друг преглед.
Ваков мизерен третман македонските граѓани не заслужуваат! Овие фотографии се доказ за срамот на надлежните кои да имаа трошка совест ќе си поднесеа оставки до сега.
Повеќе на „Курир“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.