Не постои законска основа редовните јавни обвинителства да ги преземат предметите кои се почнати од Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Така е детерминирано во Законот за СЈО кој што е се уште на сила, смета адвокатот Јанаки Митровски.
Тој за Алфа ТВ изјави дека во Законот не е дозволено ниту предвидено дека еднаш воспоставена надлежност на СЈО може да се врати во редовните јавни обвинителства.
Оттука, одлуката на Катица Јанева или полномошно како сакате наречете го, е незаконито, рече Митровски.
Според Митровски, постои одредена координација меѓу Јанева и извршната власт, делумно и републичкото обвинителство. Според него, Јанева воопшто не била загрижена за СЈО и предметите.
Ако Јанева беше загрижена за СЈО немаше да го доведе СЈО на ова дереџе и да учествува во „Рекет“, рече Митровски за „Алфа ТВ“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.