Митрополитот г. Јосиф испрати Божиќно послание преку видео порака во која на верниците во Тетовско-Гостиварската епархија им порача на верниците да се отргнат од застрашувачкото и несигурно утре и да се насочат кон незалезната светлина на Рождеството Христово.

Покрај чиститките, Владиката Јосиф во пораката повика Божиќ да се прослави со верба дека и најголемата трагедија не може да ја победи надежта кај човекот.

И покрај сите маки и искушенија – овој Божиќ да го прославиме со верба дека и најголемата трагедија не може да ја победи надежта кај човекот која ни ја носи престојниот празник на Христовото раѓање. Празнувајќи го тој прв празник меѓу празниците, да не дозволиме нашето внимание да го одземе световната агонија од застрашувачкото и несигурно утре, туку нашите очи да ги насочиме кон незалезната светлина на Рождеството Христово, кон Раѓањето кое на светот му го донесе Семето на вечниот живот и начелото на идниот век – вели г.Јосиф во видео обраќањето.

Прославите на православните празници Бадник и Божиќ во Гостиварско годинава ќе се одвиваат со ограничувања и без масовни собири, кои изминативе години беа традиција. Празнувањето на Божиќ ќе започне се света литургија во храмот Св. Богордица во Гостивар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.