Целиот СДСМ сепак не стои зад лидерот. Она што го мисли Заев, а го поддржуваат најблиските соработници не е став на членството, поранешните високи функционери и пратеници на партијата. Гласот на поранешниот пратеник на СДСМ Митре Велјаноски оди во прилот на оваа.
Во колумна објавена на порталот Плусинфо Велјаноски вели „цела вселена, освен неколкумина, знае“ дека:
На први март 1941 година, во Виена, тогашниот бугарски премиер, Богдан Филов го потпиша Тројниот пакт;
Истиот ден, Рибентроп, официјално го известил бугарскиот премиер дека Бугарија ќе добие излез на Егејско Море помеѓу реките Струма и Марица;
Окупатори или администартори? – Одговорот ќе го најдете во Париските мировни договори од 10 февруари 1947 година, според кои, Бугарија беше обврзана да исплати репарации во износ од 45 милиони долари на Грција и 25 милиони долари на Југославија (администратори не плаќаат репарации).
За наводната заедничка историја пред 1944 година, поточно, кому му припаѓа Гоце Делчев и сите останати револуционери од пред и по илинденскиот период, за тие што умеат внимателно да читаат и здраворазумски да расудуваат, пишува Велјаноски, сосема се доволни само петте основни начела врз кои, на 23.10.1893 година, во Солун, е формирана Македонската револуционерна организација:
- Организацијата да е тајна и револуционерна;
- Нејзината територија да ја сочинува само Македонија во нејзините географски и етнографски граници, поради што ќе се нарекува Внатрешна;
- Во неа ќе членуваат родени и лица што живеат во Македонија, без разлика на вера и народност;
- Политичкото верују на организираните Македонци е автономија на Македонија;
- Да се чува самостојноста на Организацијата за да не падне под влијание на политиката на соседните држави (Да не заборавиме, и тогаш, на територијата Македонија, покрај другите, сосед беше и Бугарија).
За да се разбере дали македонскиот јазик е ист со бугарскиот, Велјаноски му порачува на Заев да прочита само една книга „Историја на македонскиот јазик“ од Конески.
За минатото или за иднината? За кавги или за пријателство? – Без никакви дилеми, за иднина и за пријателство. Како? – Само еден е патот. Оној по кој Вили Брант во 1970 година стигна до Полска. Никако поинаку. Тие што го бришат минатото ја бришат и иднината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.