Во Македонија одамна е извршен атентат врз демократијата. Уште во 2015-та кога започна објавувањето на нелегално прислушкуваните разговори, за кои деновиве слушаме дека биле монтирани, преку процесот за промената на името, двојазичноста, референдумот и начинот на кој се водеа претседателските избори во Сталинистичкиот стил – не е важно кој гласа туку кој брои, вели новинарот на порталот „Инфомакс“ Александар Митовски.

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против Митовски за кривично дело – Оддавање службена тајна од член 360 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот на 23 август, преку интернет порталот www.infomax.mk на јавноста им ги сторил достапни податоците што претставуваат службена тајна. Имено, тој ја објавил првата страница од записник за примање кривична пријава од едно лице заведен во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Македонија е на дното на граѓанските слободи, слободата на говор е сведена на илегала. Потегот на ОЈО, иако очекуван, е уште еден доказ дека ја доживуваме епохата на Берија. Оваа социопатска диктатура мора да заврши, што побргу тоа подобро. Јас и „Инфомакс” не се плашиме и нема да се повлечеме од борбата, по ниту една цена.

Во оваа насока ги повикувам и колегите да не молчат, туку да застанат во одбрана на слободата на говорот, затоа што мораат да имаат предвид дека мечката еден ден може да заигра и во нивниот двор, изјави Митовски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.