Агенцијата која ја спроведе последната анкета на Телма, за време на бојкотот утна со 25% за излезност, изјави новинарот на Инфомакс Александар Митовски како домаќин на емисијата „Прашањето ми е следно“ каде гостува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Јас од тоа што го знам е дека оваа рејтинг агенција која што ја извади оваа анкета, за време на бојкотирањето промаши за 25-30%, така да за околу релевантноста, според мене не е доволно релевантна агенцијата – рече Митовски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, пак, истакна дека Телма фино си ги одработи тие 33 милиони евра и на секој му е јасно зошто се тие бројки, а во јавноста реалноста е дека ВМРО-ДПМНЕ стои подобро.
Нема да судам за релевантноста, нека судат граѓаните, но повторно ќе кажам ова е само индикатор, а за да вие на терен ја спроведете оваа активност. Таму нема избори по однос на програма, погледајте ја на СДСМ програмата и погледајте ја на ВМРО-ДПМНЕ на последните парламентарни избори. Многу ќе речат дека програмата на ВМРО-ДПМНЕ е докторска теза ако се спореди со програмата на СДСМ. Кај нив постои програма која се вика кеш на рака, уцени, картички, провизија – истакна Мицкоски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.