Александар Митовски, новинарот од „Инфомакс“ против кого е покренато обвинение од страна за Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје, денеска се заблагодари на поддршката на протестот и додаде дека мора да се прекинат сите притисоци кон медиумските работници.
Пред се, сакам да се заблагодарам на сите колеги бидејќи овој протест не е за мене или „Инфомакс“. Сакаме да работиме чесно и достоинствено, како што доликува. Мораме да застанеме сите заедно и да кажеме доста е за сите притисоци. Оваа порака е да се замолчат новинарите, да се укине слободата на говорот, истакна Митовски.
Денеска новинарите оддржаа протест пред ОЈО, од каде порачаа „одговрете со збор, а не со притисок, апсење и прогон“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.