Александар Митовски, ги коментираше актуелните случувања поврзани со Законот за лични карти кој предизвика бурни реакции кај јавноста откако коалициониот партнер на Заев, БЕСА, побара да биде внесена и етничката припадност на граѓаните.
Митовски појасни дека според актуелните законски регулативи, во личните карти би стоело граѓанин на Република Македонија, а државјанствата кои што ќе се издаваат ќе бидат за Македонците коси црти, а за другите етнички заедници ќе бидат Албанец, Србин, Ром, Бошњак, кој како сака освен за Македонците за кои ќе биде коса црта.
Ако не се донесе овој закон. Ако се донесе овој закон, во таа ситуација ќе бидеме Македонци, за жал, поради договорот од Преспа, од Македонија – појасни Митовски.
Митовски посочи дека прв чекор кон враќање на идентитетот е на Македонецот е токму овој закон. Блокирањето на овој закон е само продолжување на политичка кариера на Зоран Заев, со оглед на тоа дека условот на БЕСА за влез во коалиција со СДСМ беше токму овој закон.
Сега се наоѓа Заев во ситуација тонч, ем мора ваму да исполни ветување, Грците му викаат ако го исполнип ветувањето нема да идеш у Европска Унија, не само Бугарија, туку и Грција повторно ќе не блокира, и улетуе Апасиев со 1200 амандмани, време да се испазари или да се блокира тој закон – објасни Митовски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.