Адвокатото Јанаки Митровски, го коментира тоа што поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, доби домашен притвор со образложение дека немал имот на свое име.

На Рашко му даваат куќен место ефекивен притвор, inter alia, бидејки немал имот на свое име, кој цел имот пред три месеци го префрлил на име на децата кои заедно имаат шест години.

 

Илјадници пати судии на претходна постапка немањето имот, сосема оправдано, го сметаат за фактор да се определи мерка, бидејки нема имот кој го врзува, само за Рашко тоа не е случај.

 

Инаку Рашко како добитник на 11 златни и две сребрени медаљи бла бла, и два доктората не чул за проширена конфискација. Сем ако не се докаже дека Дедо Мраз им го донел имотот, а кај нас и тоа бива.

 

Не бе, не е по договор!!!! – коментира Митровски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.