Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, кој функцијата ја доби како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва беше гостин на трибина на владејачката партија СДСМ, која се одржуваше во Кавадарци. На трибината со наслов „На прав пат“ Јанчев седеше во првиот ред, во истиот, каде што седеше и неговиот против кандидат на локалните избори во 2017 година, Бетиане Китев од СДСМ.
Во Домот на културата ,,Иван Мазов Климе” се обратија потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски, членот на ЦО на СДСМ, Трајан Димковски и вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев.
Спасовски го поздрави Јанчев и рече дека се надева дека граѓаните ќе го следат неговиот пример и ќе се приклучат на „вистинскиот пат“, ако не повеќе, да ги слушнат нивните ставови и мислења.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.