Заминувањето на Заев не значи и заминување на заевизмот, рече Марија Митева, портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ одговарајќи на новинарско прашање како ја коментира најавата на Зоран Заев за заминување од функцијата премиер и претседател на СДСМ.

Ако Заев смета дека со неговото повлекување и поставување на негови пиони кои ќе ги спроведуваат неговите политики ќе се смени нешто, тоа во најмала рака е потценување на граѓаните, но и дополнително тонење на државата – рече Митева.

Според неа единствениот излез од ситуацијата во која се наоѓа Македонија се предвремени парламентарни избори.

Соочени сме со економска, енергетска, здравствена криза. Има и инфлација, а и не сме на патот кон Европската унија – кажа Митева.

Оттука, додаде портпаролката Митева, Зоран Заев не може да ги постигне резултатите.

Затоа избoрите се решение – рече Митева.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.