Тужбата од Дарко Каевски против мене е одбиена како неоснована, во целост! Има некои работи кои јавната функција ги носи со себе (покрај вашите бескрајни привилегии) – една од нив е должноста секогаш да одговорите на прашањата поставени во јавност, а не да ги користите дејствијата на клевета како средство за задушување на дебатата или пречка да ве повикаме на отчетност.
Немам интенција со оваа објава да покажувам кој победил, а кој изгубил…но привилегиите пак, вас во СДСМ ве мотивираат да ги користите овие методи на заплашување со цел да ја уништите политичката дебата и слободата на изразување.
Неуспешно, затоа што ништо не може да ја замени и победи упорноста. Единствена моќ се упорноста и одлучноста, објави на Фејсбук, портпаролката на ВМРО ДПМНЕ, Марија Митева.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.