Пратеникот од НСДП, Горан Мисовски, во третото продолжение на седницата за избор на влада, на крајот од своето излагање од говорницата на српски јазик порача дека новата влада ќе трае.
Оваа влада ќе трае, мало сутра дека ќе падне веднаш. Четиригодишен мандат ни е обезбеден, рече пратеникот Мисовски.
Тој ги пофали досегашните реформи спроведени под водство на Зоран Заев и рече дека новиот мандат е можност да продолжат со реформите. Од ВМРО – ДПМНЕ очекува во наредниот период демократизација во идеолошкиот дел со напуштање на класичниот национализам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.