Согласно законот, сите одлуки ги потпишува Катица Јанева или нејзините заменици, рече обвинителката на СЈО Лиле Стефановска која го води предметот „ Империја“.

– Не стравувам, нема зошто да бидам инволвирана. Не знам дали треба Јанева да стравува. Сите одлуки согласно законот ги носи и потпишува Катица Јанева или во нејзино име, овластени јавни обвинители. Јас немам потпишано ниту една одлука која излегла од ова обвинителство, како онаа за пуштање од притвор во домашен притвор, ниту пак тоа за враќање на патната исправа – рече Стефанова.

Таа и денеска ги демантираше информациите што се појавија вчера дека во нејзинот дом бил извршен претрес.

Стефанова не одговори на прашањето каква улога во предметот „Империја“ имала Катица Јанева, со објаснување дека во мометот не може да се откриваат повеќе детали за да не се наруши истрагата што ја води Обвинителството за организиран криминал.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.