Можевме денеска да слушнеме како Зоран Заев си договара пресуди, си договара обвиненија, си договарал да биде деспот во оваа држава. Насекаде да договара свои потреби само со една цел тој да биде деспотот во Македонија и да направи хаос во општеството, изјави Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО ДПМНЕ.
Мисајловски смета дека граѓаните тоа не смеат да го дозволат, затоа како што сите велат вистината мора да излезе.
Вистината веќе секој граѓанин ја знае. Затоа ние од тука од Ѓорче Петров може слободно да кажеме и да го повикаме македонскиот народ да ја даде поддршката на ВМРО-ДПМНЕ за да започне обнова на Македонија. Бидејќи македонскиот народ тоа го очекува и тоа му треба, изјави Мисајловски.
Мисајловски денеска е во Ѓорче Петров каде што разговара со граѓаните околу продолжување на проектот на ВМРО ДПМНЕ – „Обнова на Македонија“.
Разговараме за она што ние го нудиме во новата програма, дел од проектите да ги спомнеме, но и секако се разбира да разговараме со граѓаните и да ги слушнеме нивните маки, нивните критики но и нивните очекувања за наредниот период.
ВМРО-ДПМНЕ е македонска партија и ние тоа гордо го кажуваме, ние не сме како Зоран Заев и неговата партија да се срамиме да кажеме дека сме македонска партија.
Во ВМРО-ДПМНЕ вратата е отворена за сите. Ние ќе се избориме за македонскиот интерес, ние ќе се бориме за македонштината. Ние сме ВМРО-ДПМНЕ, ние сме брендот за проекти, ние сме брендот за економија, ние сме оние што ќе ја донесеме обновата на Македонија.Затоа овие средби ни даваат енергија, ни даваат стимул да продолжиме по нашиот пат. Она е тој патот со граѓаните заедно да успееме на 12-ти април да победиме сите заеднички и почне навистина обнова на Македонија, изјави Мисајловски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.