Зоран Заев молчи во врска со изјавите на врни бугарски политичари дека Гоце Делчев е бугарин, а македонскиот јазик дека е лингвистичка форма на бугарскиот. Заев со своето молчење ја понижува македонската нација и распродава нешто што не е негово, туку на народот, порача на прес-конференција, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.
Тој јавно го праша Заев кој е неговиот став за Гоце Делчев и за македонскиот јазик и зошто не реагира на бугарските понижувања на нашата нација?
Дополнително, праша зошто владата не упати протестна нота до Бугарија, по изјавата на Каракачанов дека ќе испрати армиски полк да ги руши спомениците на македонските револуционери во Скопје?
Дали господине Заев тргувате со Гоце Делчев и со македонскиот јазик?! И дали потклекнувате пред бугарските закани?! Вашето виткање на кичма резултира со понижена Македонија, истакна Мисајловски.
Тој потсети на ветените преговори со ЕУ, за кои ништо од тоа нема, затоа што, како што рече Мисајловски, се заглавени во криминал. Нема меѓународен извештај кој не сведочи за корумпираноста на владата, и тоа е лошо за државата.
Мисајловски му порача на Заев да знае дека Македонија не е негова фирма од Струмица.
ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи да ја разграбувате државата. Македонија мора да почне преговори со ЕУ. А вие не смеете да ги продавате Гоце Делчев и македонскиот јазик. Доколку тоа го сторите, ВМРО-ДПМНЕ веднаш откако ќе дојде на власт ќе ја поништи таа одлука и договор и никогаш нема да ја почитува, порача потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.