Во видеоинтервју за порталот Курир потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски зборува за последните политички случувања, економските тенденции и прашањето за името и дали доколу ВМРО-ДПМНЕ победи на следните парламентарни избори, ќе формира влада на Република Македонија.

Мисајловски вели дека за него „северна“ е само трибината на градскиот стадион, изградена од ВМРО-ДПМНЕ.

Како политичка партија мораме да се бориме да бидеме новата власт во Република Македонија, но тоа треба да го правие со добра понуда. Јас сум воспитан и сум учел низ годините дека имаме само една Република Македонија. За мене „северна“ е само северната трибина на Градскиот стадион. Друго ништо не не поврзува со северна, вели Мисајловски и потсетува дека е недозволиво за олку крупно прашање опозицијата да се тргне настрана.


Целото интервју со Мисајловски ТУКА.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.