Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ и носител на листата во изборната единица 2 Владо Мисајловски денеска беше во посета на манастирот „Свети Трифун“ во селото Кучково.
Дојдов да го посетам и манастирот “Св.Трифун” во село Кучково, каде милувам да дојдам секогаш кога имам и малку слободно време. Тука сите ние го наоѓаме душевниот мир и собираме сила за предизвиците кои што ни следат.
Заедно со кандидатот за пратеник во ИЕ2 Бојан Стојаноски утврдивме дека во ова место мора да се инвестира и манастирот да биде уште по велелепен од она што е сега.
ВМРО-ДПМНЕ е чувар на демохристијанските вредности и токму поради тоа се обврзува на зачувување на историското богатство насекаде низ Република Македонија.
Обновата доаѓа насекаде!, порача од Кучково Владо Мисајловски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.