Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски денес одговараше на новинарско прашање: Каков е ставот на ВМРО-ДПМНЕ на иницијативата на СДСМ за повторно свикување на Собранието?

Станува збор за иницијатива која доаѓа од поранешни пратеници, а ставот за тоа ВМРО-ДПМНЕ го соопшти јавно на последната лидерска средба. Било каков чекор кој е надвор од договореното и прифатеното од политичките лидери на последната лидерска средба ќе преставува еднострано прекршување на принципот за политички консензус. Очигледно станува збор за две работи, или Заев си влегува во приватни аранжмани и комбинации со пратеници, или пак преголема е желбата да се лови во матно, односно во ек на најголема здравствена и економска криза каде луѓе буквално ги губат своите животи Заев си носи лични еднострани решенија на штета на државата, порача Мисајловски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.