Носителот од втората изборна единица Владо Мисајловски вечерва заедно со кандидатите за пратеници во ИЕ2 Дарко Костовски и Борче Илиевски ги посети жителите на Чучер-Сандево.

Жителите на ова место велат дека власта не само што не обрнала внимание на нивните барања неколку години наназад, туку веќе и престанале да ги посетуваат. Со други зборови, овие луѓе за СДСМ не постојат. Таков срамен однос не доликува на една партија која можеби има свои гласачи во ова населено место. Негрижата и безидејноста на СДСМ ја плаќаат жителите на Чучер-Сандево, кои поради празните ветувања се соочуваат со бројни проблеми. Овие луѓе се помирени со фактот дека државата ја водат луѓе кои ги интересира само материјалната придобивка, а не решавањето на проблемите на граѓаните и затоа велат дека такви луѓе повеќе не му требаат на Чучер-Сандево-напиша Мисајловски по средбата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.