Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски, заедно со пратеникот Дарко Костовски и дел од раководството на Општинскиот комитет денеска се сретнаа со граѓаните на Бутел, за, како што наведија, да поразговараат за темите што граѓаните најмногу ги интересираат и да ги објаснат ставовите на партијата по сите прашања.

Денеска со многу пензионери исто така се сретнавме и имавме убав настан каде што можевме да слушнеме каков е животот во Македонија и колку се задоволни од стандардот. Јас можам да кажам дека не е баш така розово како што оваа власт сака да презентира. Односно слушнавме пред извесно време министерката за труд и социјала спомна дека сите граѓани се среќни од кога СДСМ дошле на власт. Но, не е така.
Денеска слушнавме дека граѓаните не се задоволни воопшто од последниве години како расте пензијата, односно околу стотина денари само им е качена пензијата во последните три – четири години. Слушнавме дека многу нивни основни потреби не може да си ги остварат. Слушнавме како дека не можат за еден обичен преглед да дојдат на ред во амбулантите и поликлиниките, и во болниците се разбира. Не можат и немаат можност да се вакцинираат. Не можат да гледаат како нивните деца не можат да најдат работа тука бидејќи се повеќе гранки се затвораат. Но, и се повеќе млади се иселуваат.
И тоа се прашања што ги мачат тука жителите во Бутел. И затоа добро е ВМРО-ДПМНЕ што е на терен и разговара за овие прашања бидејќи нема избори, кога нема избори добро е секогаш да разговараме со граѓаните. И затоа од овие сите разговори потоа да ги преточиме во програма, но и да обрнеме големо внимание на она што е потребата на луѓето, а тоа е подобар живот, рече Мисајловски.

Затоа, додава, ВМРО-ДПМНЕ мора што побрзо да ја симне оваа власт и да понуди подобри решенија, да понуди подобра програма и се разбира да се види напредок во општината.

Како што Општината Бутел не прави ништо, како што Градот Скопје не прави ништо, зборам за капитални проекти, за поубав Бутел итн., ништо не прави ниту власта. Затоа сето ова набрзо мора да се промени, вели тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.