Носителот на листа во втората изборна единица од ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски денеска беше во посета нафабриката „Дон Марко“ во Куманово, а средба оствари и со занаетчиите.

Денеска заедно со дополнителната заменик министерка за финансии Гордана Кочовска Димитриевска и кандидатот за пратеник во ИЕ2 Бране Петрушевски ја посетивме фабриката ‘Дон Марко’ во Куманово. Поразговаравме околу нивната дејност, нивните проблеми, како и предлози за нивна стимулација. Велат дека тешко го пребродуваат овој период, но дека работата и желбата за напредок ги одржува во она што го работат. Им потенцирав одредени проекти од изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ за поддршка на македонската економија и на приватниот сектор, која ним ќе им биде од огромна помош. ВМРО-ДПМНЕ ќе се залага да се цени трудот на работникот и тој да ги има сите права, напиша Мисајловски на Фејсбук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.