ВМРО-ДПМНЕ се врати, СДСМ тоне јако. Доколку власта прифати предвремени парламентрани избори опозицијата ќе победи со плус 10 пратенци, прогнозира потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски.
Ако имаме вакви избори, со ваква излезност, ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира новата Влада на Република Македонија, порача Владо Мисајловски во своето гостување на телевизија Алфа.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека на предвремените парламентарни избори очекуваат уште повеќе гласови и уште поголема победа.
Кажете ми кој било ресор, граѓаните за се се излажани. Овие политичари го потценија народот, а во вториот круг народот уште повеќе ќе ги казни. Ние политичарите мора да бидеме позитивни и надежта да ја вратиме кон сите граѓани, но со работа и труд, а не со излитени фрази, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.
Со овие симулации, ние имаме околу 53 пратенички места, а СДСМ би освоиле од 40 до 43 пратеника, истакна тој. Мисајловски анализира дека доколку Беса и Алијанса на Албанците формираат коалиција, би освоиле 12-13 мандати.
ВМРО-ДПМНЕ се врати. Брендот колку и да пробаа да го турнат и прогонат никој тоа не може да го направи. ВМРО-ДПМНЕ не е само политичка партија, тоа е ген во скоро сите Македонци, изјави Владо Мисајловски.
Тој рече дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, многупати велел дека пркосот ќе се појави и навистина се појави. Мисајловски рече дека кампањата на ВМРО-ДПМНЕ е чесна и коректна, постојано на терен и помеѓу граѓаните, кои според него, сфатиле дека лицето на СДСМ од она на телевизија е различно од реалната ситуација на терен.
Градот Скопје е разочаран, две години не видел ниту еден проект, треба некој да ги реши потребите на граѓаните. СДСМ проба да си поигрува со интелигенцијата на граѓаните и сега тоа им се враќа како бумеранг. Видовте вчера дури и си дадоа еден со друг метла, јас би им порачал: „Да, треба да си дадете еден со друг метла, да се тргнете од оваа власт и да си заминете во политичка пензија бидејќи сте најголемото разочарување во Република Македонија, рече Владо Мисајловски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.