Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски за време на денешната посета на Куманово се осврна на прашањето за предвремени парламентарни избори.
Очекувам избори, но поважно е сите ние заедно да се сплотиме за да ги победиме заеднички. Тоа е најважната порака што ние треба да ја упатиме до сите граѓани. Оваа власт не функционира. Зошто велам така, затоа што во самата коалиција имаат еден куп на дневни проблеми, не можат еден обичен кворум да закажат во Собранието каде често пати сме обвинувани ние како опозиција дека не правиме кворум.
Според него владејачкото мнозинство не може да се собере ни за основни закони.
Ние неколку пати им помагаме за законите во здравството и слично, не заради ВМРО-ДПМНЕ или заради некоја друга партија, само заради граѓаните. Но, ова, гледаме дека не може да функционира, рече Мисајловски.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ укажа дека владата е заинтересирана само за своите интереси.
Гледате што се случува, каква корупција има во локалната самоуправа, колку има проблеми помеѓу коалициските партнери, дури мислам кај и да е дури и самите они меѓу себе ќе се раскараат, така што парламентарни вонредни избори мора да има. Се разбира наша обврска и задача е како тие ние заедно со граѓаните да го кренеме на едно повисоко ниво и со овие локални избори да бараме и предвремени парламентарни избори, рече Мисајловски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.