На градскиот плоштад Мисајловски се сретна со претставници од унијата на жените и унијата на млади сили од општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ и рече дека кампањата ја почнал со позитивна енергија и така ја завршува со позитивен дух и ведрина.
– Поминавме многу. Поминавме многу населени места, разговаравме за многу проблеми тука во Куманово и дадовме аманет дека ќе помогнеме насекаде, истакна Мисајловски.
Знаете дека оваа кампања за мене почна со едно црно сценарио, со една фрлена бомба во мојот семеен дуќан. Јас уште првиот ден кажав дека тие инспиратори, креатори од политичкиот опонент мене нема да ме запре. Јас ќе продолжам со позитивна енергија, со позитивна ведрина и за она што секој ден копнее оваа држава, а тоа е да се има надеж за подобра иднина, рече Мисајловски
Знаете, политичкиот опонент само размислува на црни сценарија. Размислува како да ме навреди, размислува на црни некои нивни сценарија. Јас сум многу различен. Јас можам да ги напаѓам секој ден за се она што го направиле и што го кријат. Затоа е и добро законот што ВМРО-ДПМНЕ го предлага за потекло на имот да видите какви политичари имате тука во Куманово и што се кријат за своите т.н. пријателски бизниси. Затоа е добро обновата на Македонија да почне и тука од Куманово, да зафати многу лица од врвот на СДСМ за да знаете каде завршуваат тие црни пари и тие црни тендери, јас би ги нарекол и куфери, рече Мисајловски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.