Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски заедно со претседателот на партијата Христијан Мицкоски денеска ја посетија православната црква „Св. Четириесет маченици“ кај Смилковско Езеро.
Како што соопшти Мисајловски, тие запалија свеќа и на спомениците на петте невини луѓе кои го загубија животот на истото место.
Нека Христовото воскресение и неговата симболика, победата на животот ни биде водилка за нашето делување.
Да поминуваме време со семејството, да создаваме хармонија со нашите најблиски, нашите пријатели, роднини, колеги, во целата средина.
Да веруваме во Бога.Да си припомнеме за сите оние кои поминуваат низ тешкотии, за сите оние кои се болни и сами, но и за сите оние кои се борат со новонастаната ситуација.
Болните да оздрават, а оние на линијата на борбата со вирусот да ги служи здравјето и силата.Да се помолиме и за Македонија.
Денеска е денот кога се овистиниле Исусовите зборови дека и “мртвите камења ќе посведочат за живиот Бог”, порача Мисајловски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.