Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски носител на листата кандидати за пратеници во ИЕ 2 на вечерашното гостување на изборната програма на телевизија 21 рече дека во Македонија нема правда има само криминал и корупција.
„Сакам конечно сите криминалци да завршат таму каде што им е местото. И повторувам одговорност за сите без исклучок. Секој ден слушаме за рекет, за тоа како се организира прогон врз ВМРО-ДПМНЕ и врз други луѓе кои не размислуваат како оваа власт. Преку 80 проценти од граѓаните се незадоволни токму поради состојбата во оваа област. За тоа се криви сите политичари до сега. И доста зборуваме за оние крупни политички одлуки обичниот граѓанин не може да заврши обичен процес низ сите оние лавиринти низ правосудството. И ние во нашата програма бараме испитување на потекло на имот на сите политичари и тоа мора веднаш да се направи. Но да не заборавиме високата корупција мора да се процесуира низ институциите, но не треба да ги заборавиме граѓаните и нивните проблеми“, рече Мисајловски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.