Владо Мисајловски, носителот во ИЕ 2 третиот ден од изборната кампања го започна со средба со пензионерите од Општина Бутел. Заедно со Мисајловски на средбата присуствуваа и кандидатите за пратеници во ИЕ 2, Дарко Костовски и Борче Илиевски.

На средбата, како што пишува Мисајловски на неговиот фејсбук профил, пензионерите се пожалиле дека не само што дрско биле излажани во однос на ветувањата на СДС, туку и секојдневно гледааат како СДСМ се фали дека им ги подобриле примањата на пензионерите, а од тоа нема ништо.

Овие луѓе поминале многу, сведочеле на многу политички гарнитури, но велат дека ваква ненародна власт никогаш немало. Најмногу ги повредува распродажбата на националните интереси, за што велат дека прошка не смее да има. Пензионерите од оваа општина недвосмислено посакуваат промени и подобри времиња за сите граѓани, пишува Мисајловски.

Носителот во ИЕ 2 на пензионерите им посакал добро здравјте и да се чуваат, а на 15-ти јули да излезат и да ја поддржат Обновата на Македонија!

Третиот ден од изборната кампања го започнав со средба со пензионерите од Општина Бутел. Заедно со кандидатите за…

Gepostet von Vlado Misajlovski am Freitag, 26. Juni 2020



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.