Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за централниот дневник на Сител телевизија вели дека ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи законот за државјанство бидејќи не е добро законско решение како и дека доколку наидат на неразбирање од власта ќе поднесат голем број на амандмани да го блокираат, бидејќи за истиот е потребна суштинска дебата.
-Апсолутно не. Јас денеска имав можност да се обратам и во собранието, да разговараме и дебатираме на овој закон. Прво морам да објаснам на граѓаните дека овој закон не е донесен. Значи, потребата само да се изгласа од страна на власта и од оние што го поднесоа тоа се Алијанса на Албанците и Алтернатива и таа точка да се стави на дневен ред само за да помине процедурата. Но гледате дека по самото поминување, денеска слушаме дека ниту за власта не е прифатлив овој закон што е добро, и јас ќе го поздравам тоа бидејќи ние, и јас денеска го кажав тоа дека ќе поднесеме многу суштински амандмани, но ако има потреба и да го блокираме овој закон бидејќи како што можевте да слушнете дека со тројца сведоци утре ќе може секој да добива државјанство. Односно доволно ви се тројца да потврдат дека вие сте престојувале тука, дека ваите корени се од Македонија и илјадници или десетици илјади како што слушнавме може да добијат државјанство, вели тој.
На прашањето дали очекува да се прават злоупотреби со ваквото законско решение, Мисајловски рече:
„Да апсолутно очекуваме, таква е власта и се разбира дека ќе има злоупотреби. Затоа ние бараме за ова прашање суштински да се дебатира. Секој граѓанин да може да ја види суштината, но секако и фелата да се произнесе. Според мене суштината е неколку работи кои што се случуваат, прво вие знаете дека на брзина со европско знаменце се поминува и пописот. Ова е брзоплет закон само да се добие кворум на една седница за да поминат многу други закони. И добро е што денеска слушнавме од Павле Трајанов и од коалицијата на СДСМ, но дури и владејачкото мнозинство дека овој закон не е добар. Тоа значи дека ќе постојат малверзации односно никој не може да има доверба утре во тие сведоци и они да кажат кој се треба да добие државјанство. И затоа е таа недоверба која што ја има секој еден граѓанин спрема оваа власт“.
-Впрочем дали тие кои што ќе добијат државјанство ќе имаат право да гласаат на следните парламентарни избори, дали ќе имаат можност да гасаат на локалните избори, дали потоа тие ќе можат да се попишат, дали тие граѓани кои што ќе добијат државјанство од трети земји итн ќе може да бидат пратеници, да бидат именувани носители на функции итн. Многу прашања лебдат во воздух. Затоа велам дека овој е брзоплет закон и токму затоа ќе добие многу амандмани се разбира суштински за да отвориме дебата, а се разбира ако нема слух кај власта ние ќе поднесеме многу амандмани да го блокираме, нагласи Мисајловски.
Според него, пописот и измените на законот за државјанство не треба да се спојува едно со друго, бидејќи како што рече пописот сепак долго време се очекува како една статистичка операција.
-Ова не треба да се врзува според мене едно со друга, затоа што пописот сепак долго време се очекува како една статистичка операција, посочи потпретседателот Мисајловски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.