Владо Мисајловски, носител на листата на ВМРО ДПМНЕ во ИЕ2 денеска беше во посета на општина Гази Баба, каде што имаше средба со жителите на населеното место Маџари. Заедно со кандидатите за пратеници во ИЕ2 Жаклина Пешевска, Зоран Коцевски, Дијана Иливска и Игор Атанасовски тие разговараа со населението. Велат дека речиси четири години во Маџари единствено е оставен чемер и јад, вели носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ2 Владо Мисајловски.
Иако СДСМ ветувале бројни проекти, сепак буквално ништо не е реализирано. Населението се соочува со бројни инфраструктурни проблеми, кои им го отежнуваат секојдневното функционирање. Велат дека обновата е повеќе од неопходна во овој дел на градот и посакуваат таа да се случи што е можно поскоро. Се согласивме дека во Маџари мора да се работи многу и да се измени ликот на населбата. Граѓаните да бидат задоволни.
Се обврзавме дека во наредниот период кој претстои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги реализира сите ветени проекти во однос на ова населено место, со што практично ќе се олесни секојдневното живеење на жителите на Маџари. Добивме неизмерна поддршка и мотив за голема победа!
Обновата доаѓа насекаде!, пишува Мисајловски во својата објава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.