Носителот на Изборната единица 2 Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ денеска беше во посета на градот Куманово.
Тој од таму вели дека пред граѓаните ја претставиле програмата со над 1.000 проекти за наредните четири години.
ВМРО-ДПМНЕ е поразлично од сите партии во Македонија, ние се обврзуваме за проекти, за нова обнова на Македонија, додека СДСМ велат дека можат повеќе да работат, јас мислам дека они можат повеќе да крадат, да продолжат со мито и корупција, затоа ние ќе ја обновиме Македонија со позитивна кампања – истакна Мисајловски.
Тој додава дека ВМРО-ДПМНЕ на сите ќе им пружи сигурна иднина.
На средбата беше присутен и министерот за внатрешни работи Наќе Чулев кој во својата работна посета ги санкционираше сите оние вработени во МВР кои биле дел од партиски кампањи.
По повод посетата на Куманово, Мисајловски напиша на Фејсбук:
Убавото време го искористив за средба со кумановчани во центарот на Куманово. Заедно со министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија Иван Стоиљковиќ и кандидатот за пратеник во ИЕ2 Бране Петрушевски направивме прошетка и поразговаравме со случајните минувачи. Кумановчани велат дека редно време е некој да се фати за работа во Куманово. Незадоволни се од третманот на локалната власт, поради тоа што градот не само што дополнително не се развива, туку и она што некогаш било направено не се одржува. Не се задоволни ниту од централната власт, за која велат дека го понижила сопствениот народ, газејќи преку идентитетот на нашата држава. Јасно ми укажаа дека во Куманово обновата е неопходна и дека со градот Куманово, но и со целата држава мора да раководат луѓе кои искрено и со чесна намера ќе сакаат да работат за доброто на граѓаните.
Кумановчани недвосмислено ни упатија поддршка во борбата за обнова и ние се обрзуваме таа да се случи во Куманово што поскоро. Обновата доаѓа насекаде!- напиша Мисајловски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.